Велика Британија не може да ја игнорира заканата што ја претставува Русија, изјави денеска премиерот Киер Стармер во интервју за Би-Би-Си.
Одговарајќи на прашање дали Британија би морала да испрати војници во евентуален иден европски конфликт, Стармер потсети дека „сите знаеме што ѝ се случи на Украина пред три години“.
Тој го најави новиот стратешки документ за одбрана, што треба да повика на зголемена подготвеност за справување со современите безбедносни предизвици.
- Светот се промени – станавме нестабилна планета со сè посериозни безбедносни закани. Тоа директно влијае врз Велика Британија, рече Стармер. – Затоа подготвуваме стратегиски документ што ќе ги адресира сегашните и идните безбедносни предизвици, вели тој.
Стармер додаде дека најдобриот начин да се спречи конфликт е да се одврати, потенцирајќи: „Затоа НАТО е толку важен“