Ве известуваме дека утре, сабота 16 ти август ќе се одржи осумнаесетиот Марш на Ангелите .
Истиот ден навршуваат точно пет месеци од големата трагедија во клубот ПУЛС во кој загинаа 62 млади лица , а над 200 се здобија со физички и психички повреди .
Маршот ќе започне во 18:05 часот – време што симболично ја претставува доцната и, за жал, фатална институционална реакција.
Ве повикуваме да ни се придружите на Маршот на ангелите , марш за правда за смртта на нашите деца !! Да чекориме заедно со љубов и чест кон нашите деца , да бидеме обединети во маршот за правда, за никогаш да не се повтори и за подобра иднина !
Со почит,
Здружение на граѓани 16-ти Март 2025 Кочани