Заменик директорот на национални шуми Кире Михаилов на својот Фејсбук профил објави застрашувачка информација.
Според него во близина на Македонски Брод се пронјдени купчиња сено, кои биле подготвени за палење, за да предизвикаат пожар.
-Нашите шумочуварски служби сабајлево ги најдоа овие купчиња со сено подготвени за палење на тешко пристапен терен во Македонски Брод, онаму каде изминатите денови се бориме постојано со пожари! Ако некој се прашува зошто пожарите меѓу другото не можеме брзо и лесно да ги ставиме под контрола и веднаш потоа да ги изгаснеме, ова е еден од одговорите, напиш тој.