Дарамата во гимназијата во Демир Хисар заврши, печатите се најдоа во училишниот сеф, а МВР денес поднесе кривична против директорката Маја Лозановска.
-Денеска (15.08.2025) ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.Л. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис” по член 390 од КЗ.
Пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков” од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), назначена за в.д. директор на СОУ „Крсте Петков Мисирков” во Демир Хисар со одлука од страна на општина Демир Хисар од 05.08.2025 година, информираат од МВР.
Адвокатот Жарко Стеваноски вели дека целата оваа ситуација е смешна.
-Немам кометар, без зборови сум. Смешно е. По половина час откако излегов од Општина го добивме известувањето од МВР. Излишно е да се коментира, цела јавност имаше можност да види како МВР избегнувае да го добие печатот. Уште на шести овој месец член на семејството на Маја има доставено боледување до МВР, откако претходно началникот ја побарал дома за да и го достави. Замеслете МВР доставува решение. Целата јавност гледаше што се случуваше. Сето ова е за да се прикрие незаконското работење на началникот на ОВР Демир Хисар. Обвинителство има доволно докази за да може да ја отфрли кривичната. Ова е класична злоупотреба на МВР разголена до гола кожа се со цел да се стави новата директорка и да се дореализира огласот за вработување на нови 17 работни места. Тоа е. Во вторник во ОЈО ГОКК, со огдед дек се инволвирни други лица, кои на началникот му овозможиле да донесе решение за разрешување ќе му биде поднесена кривична против началникот и овластеното службено лице, градоначалникот на Општина Демир Хисар и в.д. директорката Јасмина Дамчевска, вели адвокатот Стеваноски и додава:

-Денес од ОЈО Битола побаравме да ги врати печатите и очекуваме јавниот обвинител да го испочитува изборниот законик и да не дозволи на неовластено лице за време на распишани избори да ја обавува функцијата в.д. дирекот, вели Стеваноски.