Министерството за труд и социјала ги објави овогодинешните добитници на признанија и награди по повод 12 Август – Меѓународниот ден на младите:
„По повод Меѓународниот ден на младите – доделени плакети за младинско учество! Секоја година 12 Август го одбележуваме со промовирање и валоризирање на успесите на младите.
Оваа година, на добитниците на наградите за младинско учество свечено им беа доделени плакети, а по завршување на изборниот процес ќе следи и реализација на наградата.
Добитници:
Индивидуална категорија – Калина Чакареска
Не-формални групи на млади – Support Kocani
Младински организации, организации за млади и чадор младински организации – Сојуз на извидници на Македонија
Младите не се само иднината – тие се нашата сегашност, носители на промените, инспирација за иновација и гласот што нè потсетува колку е важно да се гради праведно и инклузивно општество.
На сите добитници – искрени честитки! Вашиот труд е светол пример за сите нас! Среќен Меѓународен ден на младите! Нека гласот на младите сè погласно одекнува – денес, утре и секој ден потоа!“ – стои во објавата на министерството.
